Мета останува претседател, не го прекршил Уставот

by Фокус

Илир Мета нема да биде разрешен од функцијата претседател на Албанија и ќе продолжи на функцијата до завршување на мандатот на 24 јули годинава.

Ваков епилог следува откако Уставниот суд одлучи да ја поништи одлуката на албанскиот парламент за негово разрешување поради ” тешки прекршувања на Уставот“.

Во одлуката на судот стои дека „претседателот не го прекршил Уставот по ниту еден основ за што го обвинува парламентот“.

Поврзани новости