Мета одлучи да го отстрани пристапот до вестите на Facebook и Instagram за корисниците во Канада.
По усвојувањето на новиот закон во Канада, компанијата Мета, која е сопственик на популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, одлучи да го отстрани пристапот до вести за своите корисници во оваа земја. Овој потег доаѓа како реакција на неодамна донесениот закон за онлајн вести, закон кој има за цел да ги принуди технолошките гиганти како Google и Meta да им плаќаат на издавачите на вести за нивната содржина.
Законот беше одобрен од Сенатот минатата недела и треба официјално да биде усвоен наскоро. Овој предлог-закон претставува поддршка за новинските организации кои се соочија со драстичен пад на приходите од реклами во ерата на Интернет.
Мета објави дека отстранувањето на вестите од своите платформи за корисниците во Канада ќе биде постепено во текот на следните месеци. „Денес потврдуваме дека пристапот до вестите на Фејсбук и Инстаграм ќе биде прекинат за сите корисници во Канада пред да стапи на сила Законот за онлајн вести“, рече Мета по усвојувањето на законот.
Google, кој исто така се најде на удар на законот, претходно изрази незадоволство, тврдејќи дека канадскиот закон е премногу строг. Беа предложени измени за да се олесни законот, но канадската федерална влада ја отфрли идејата.
Премиерот Џастин Трудо ги обвини Мет и Гугл за „тактики за заплашување“ во неговата кампања против законот.
Ситуацијата во Канада не е единствена. Мета и Гугл се соочија со слични закони во Австралија, додека Калифорнија и Нов Зеланд размислуваат за слични закони за поддршка на локалните издавачи на вести. Во Австралија, Фејсбук ги врати вестите на платформата откако владата се согласи на промени по разговорите.
Додека технолошките гиганти изразија незадоволство од законите, издавачите на вести, особено оние што ги опслужуваат локалните области, инсистираат на тоа дека приходите од законите се неопходни за да останат оперативни, имајќи предвид дека големите технолошки компании земаат голем дел од приходите од реклами. Актот за онлајн вести на Канада е обид да се реши оваа пазарна нерамнотежа.