Илир Мета – екс албанскиот претседател, актуелен лидер на Партијата на слободата смета дека во надминување на ситуацијата создадена меѓу Србија и Косово, Албанија може да помогне само преку директна и конструктивна комуникација меѓу институциите на Косово и премиерот Албин Курти.
„Албанската влада во никој случај не треба да зборува или да предлага политики што треба да се спроведуваат во рамките на Косово, без претходно да се консултира со премиерот и легитимните институции во Косово. Заедницата на српските општини е договор веќе прифатен од актуелната влада на Косово, а е загарантиран со договорите од Брисел и Охрид, реализиран со поддршка и преговори на Европската Унија и САД. Решението како ќе се постигне формирањето на ЗСО се наоѓа во почитувањето на овие договори“ – пишува тој.
Мета додава дека Курти постојано покажува одговорност и непоколеблива волја за спроведување на Охридскиот договор, додека кај Вучиќ „такво нешто не сме виделе, напротив низа негови постапки го покажаа спротивното“.
„Господинот Рама, ако сакаше да игра улога, можеше да го стори тоа, не како патрон врз Косово, туку само со барање Белград да ги потпише договорите од Брисел и Охрид и нивното спроведување, признавањето на Косово од Србија и отстапувањето од стратегијата на континуирано затегнување на ситуацијата“ рече Мета.