662
Лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово направи сообраќајна несреќа во близина на наплатната рампа пред Тетово, каде одел за да се сретне со претседателот на албанскиот парламент Илир Мета.
Ахмети се здобил со лесни телесни повреди и заврши на тетовската болница, но тоа не го спречи да ја оддржи средбата со Мета, кој го посети на болничката постела.
Гостинот од Албанија денеска се сретна и со опозицискиот лидер Зоран Заев, додека вчера оддржа средби со спикерот Трајко Велјановски и други владини функционери.