Месут Озил стана политичар, доби важна функција во партијата на Ердоган

by Fokus

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил по завршувањето на фудбалската кариера реши да влезе во политичките води, а се беше потврдено пред само неколку дена.

Во неделата тој беше назначен на многу важна позиција во Партијата на правдата и развојот (АКП), турската владејачка партија на чело со Реџеп Таип Ердоган.

Инаку, Озил долго време беше близок со Ердоган и стана член на тимот веднаш по завршувањето на неговата кариера. Сепак, тој сега многу поактивно се вклучи во политиката во Турција.

На партискиот конгрес АКП, Озил беше назначен за Централниот комитет за одлучување и управување на владејачката турска партија. Претходно, во текот на својата играчка кариера, често беше мета на критики поради дружењето со Ердоган во Германија.

Поврзани новости