508
Аргентинскиот ас Лионел Меси со својата селекција денеска стана светски првак, откако ја совладаа Франција по изведувањето на пенали во финалето на СП 2022 во Катар.
Меси не го криеше задоволството по победата и како што вели тој по финалето, му се остварил сонот кој го имал долго време.
„Знаев дека Бог ќе ми го даде овој пехар, бев сигурен. Ова е големо уживање за нас. Го имав овој голем сон долго време. Сакав да ја завршам кариерата со освоено Светско првенство“, истакна Меси.