824
Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси обелодени дека се соочува со многу здравствени постковид проблеми, пренесуваат француските медиуми.
Меси на почетокот на оваа година се зарази со коронавирусот, а аргентинскиот фудбалер тврди дека му било потребно многу време за да се врати во форма по закрепнување од болеста.
„Искрено, жал ми е што не ги слушав лекарите. Морам да кажам дека таа болест ме погоди и остави белег во мене. Особено на белите дробови“, рече Меси.
Тој истакна дека по прележување на вирусот прерано се вратил на теренот, иако лекарите го советувале да мирува.