Меси верува дека ќе ја освои ЛШ со ПСЖ

by Fokus

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси и следната сезона сака да ја игра во францускиот клуб.

Аргентинскиот напаѓач не планира да го напушти ПСЖ, објави според „Мундо Депортиво“. Меси е решен до крај да го одработи договорот, кој е со важност до 2023 година.

– Лионел не ја загуби желбата да успее со парижаните и сака да се обиде да ја освои Лигата на шампионите во ПСЖ. Фудбалерот беше изненаден од бројните гласини за негово заминување, бидејќи не ни помислуваше да го промени тимот, стои во написот за Аргентинецот.

Меси за ПСЖ на 29 натпревари постигна осум гола и даде 13 асистенции.

Поврзани новости