Меси: Тешко беше да ја напуштам Барселона, но сега сум среќен!

by Fokus

Довчерашниот фудбалер на Барселона, Лионел Меси денеска ја имаше првата официјална прес-конференција како фудбалер на ПСЖ, откако вчера потпиша двегодишен договор.

„Тешко беше да ја напуштам Барселона. Но среќен сум што му се приклучувам на ПСЖ, кој е амбициозен тим со фантастичен состав. Челниците беа многу сериозни и брзи во преговорите откако Барселона ја соопшти одлуката минатиот четврток. Бев навистина фантастично добредојден во клубот. Се чувствувам многу среќен и едвај чекам да почнам со моите соиграчи. Мојата желба е повторно да го освојам трофејот во Лигата на шампиони“, изјави Аргентинецот.

 

Поврзани новости