Меси се повреди

by Fokus

Лионел Меси се повреди на тренинг со Интер Мајами, соопштува „RMC Sport“.

Аргентинскиот ас го повредил скочниот зглоб, па морал да го напушти тренингот.

– Да беше сериозно, сите играчи ќе беа шокирани, а бидејќи сите беа добро, мислам дека е во ред – рече тренерот на тимот, Тата Мартино.

На пет натпревари за Интер, 36-годишниот играч постигна осум гола во сите натпреварувања. Меси е еден од најдобрите тројца стрелци во историјата на Интер Мајами.

Тој потпиша со американскиот клуб до 31 декември 2025 година.

Утре Интер Мајами ќе се соочи со Филаделфија во полуфиналето на Лига купот.

 

Поврзани новости