Меси по петти пат прогласен за плејмејкер на годината од ИФФХС

by Fokus

Фудбалерот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер за 2022 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Меси оваа титула ја доби по рекорден петти пат. Рекордот претходно го држеше поранешниот играч од средниот ред на Барселона и Шпанија, Чави, кој четири пати беше прогласен за плејмејкер на годината.

Најдобрите плејмејкери за 2022 година според IFFHS:
1. Лионел Меси (ПСЖ / Аргентина);
2. Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска);
3. Кевин де Брујне (Манчестер сити / Белгија);
4. Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед / Португалија);
5. Антоан Гризман (Атлетико / Франција);
6. Бернардо Силва (Манчестер сити / Португалија).

Ова е трета награда од ИФФХС за Меси оваа година. Претходно организацијата го прогласи за играч на годината и најдобар стрелец на годината.

Поврзани новости