594
По рекорден шести пат, Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за Најдобар фудбалер за 2019 година. Во анкетата на „Франс Фудбал“, аргентинскиот гениј го совлада Вирџил ван Дајк.
Меси веќе го доби трофејот во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година, а сега го наследува од Лука Модриќ. Најголемиот ривал на Лео во последните 10 години, Кристијано Роналдо, заврши на третото место. Сепак, Португалецот не присуствуваше на церемонијата во Париз, откако избра да остане во Италија за доделувањето на Калчо наградите.