Меси доби смртни закани, пукано е врз семејството на неговата сопруга

by Fokus

Лионел Меси во Аргентина важи за божество, но јасно е дека тој не е омилен кај сите. Во неговиот роден град, Росарио се случил страшен настан.

Непознати сторители пукале кон пазар што го водат родителите на неговата сопруга, Антонела Рокузо, а потоа оставиле порака наменета за легендарниот аргентински фудбалер.

– Меси, те чекаме. Јавкин (градоначалникот на Росарио) исто така е дилер на дрога и нема да помогне“ – се вели во пораката.

Безбедноста на Лионел Меси е сериозно загрозена по овој инцидент, а полицијата во Росарио соопшти дека кон пазарот биле испукани 14 куршуми. За среќа нема жртви, а по сторителите се уште се трага.

Родителите на Антонела – Хозе и Патриша беа многу потресени од она што се случи. Тие се сосема обични луѓе кои не зависат премногу од својата богата ќерка и се трудат да заработат за живот со сопствен труд, но очигледно е дека некој не им дозволува да уживаат во нивниот мир.

Ваквиот инцидент ги исплашил и не им се верува дека некој толку го мрази нивниот познат зет, што би се обидел на овој начин да им наштети.

 

Поврзани новости