Како што пренесува спортскиот портал „ThatsAllSport“, српскиот ас Новак Ѓоковиќ суверено ја зазеде првата позиција како најдобар спортист на сите времиња.
Посебно е интересно што на оваа листа на Топ 5 спортисти кои оставиле голема трага во светскиот спорт ги нема Рафаел Надал или Роџер Федерер, туку се легендарниот поранешен боксер Мухамед Али, фудбалерот на Интер Мајами – Лионел Меси, спортистот Усеин Болт и познатиот НБА кошаркарот Мајкл Џордан.
Како што се наведува, „Ѓоковиќ учествуваше во 36 гренд слем финалиња, од кои освои 24, а долга е листата на рекорди кои ги собори и допрва треба да ги собори.
Ноле ја заврши 2023 година на врвот на АТП листата пред Карлос Алкараз од Шпанија.
Во сезоната што штотуку заврши, тој ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен, како и завршниот Мастерс во Торино.