Месечна претплата наместо реклами на Фејсбук и Инстаграм, предлага „Мета“

by Fokus

Компанијата „Мета“ објави дека од идниот месец ќе понуди платени претплати за жителите на Европа кои сакаат да ги користат Фејсбук и Инстаграм, но без реклами. За ова денеска информираа француските медиуми.

Од американската компанија сметаат дека на овој начин социјалните мрежи ќе ги исполнат барањата на европското законодавство за лични податоци и насочено рекламирање.

Корисниците во ЕУ „ќе имаат избор да продолжат да ги користат двете платформи бесплатно, со персонализирани реклами, или да се претплатат за да избегнуваат реклами“, се додава во соопштението.

Инаку, претплатата ќе биде 9,99 евра месечно за Инстаграм и Фејсбук профили на компјутер и 12,99 евра за мобилни апликации на смарт телефоните.

Поврзани новости