Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судскиот процес против Бобан Илиќ, осомничен за убиство на 4 годишниот Алмир Алиу, пред Здравствениот дом во Куманово.
На рочиштете беа сослушани како сведоци братот на Бобан, Бојан Илиќ и неговата девојка Тања Димковска, по предлог на бранителот на осомничените за насилство, објави „Kumanovo. news“.
Прегледувајќи ја видео снимката од критичниот момент кога се случи физичката пресметка и бркотницата со автомобил на двете групи, Бојан тврдеше дека бил нападнат од неколку лица и во обид да го извадат од колата им ја одземал металната шипка, со која подоцна почнал да мава за да се заштити од напаѓачите.
И на денешното судење адвокатите се интересираа колку време било потребно автомобилот да се врати од слепата уличка во која свртел, но Бојан изјави дека не се сеќава,бидејќи бил во паника од нападот.
Мерцедесот со кој е прегазен Алмир, Бојан го поправил со дозвола на Обвинителството и бил даден на продожба, но подоцна огласот е повлечен. Адвокатите го прашаа дали знаел дека не смее да го поправа возилото до завршување на постапката, на што тој одговори дека немал таква информација.
Сведокот Бојан имаше законско право да не сведочи пред Судот, бидејќи е во крвно сродство со Бобан, но тој прифати за одговара на директните прашања на адвокатите.
Бобан Илиќ, е обвинет дека на 25 јуни 2016 година намерно го прегазил Алмир Алиу(4), по претходна банална расправија со неговиот татко во Здравствен дом Куманово.
Таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело насилство.