446
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски по денешната седница на Владата преку видео на Твитер соопшти дека мерцедесот од 600.000 евра кој беше набавен по барање на поранешниот премиер Никола Груевски, ќе биде ставен на електронско јавно наддавање. Почетната цена ќе му биде 230.000 евра.
Меѓу информациите кои ги соопшти Бошњаковски беше и таа дека се добиени финалните бројки од акцијата „Ден на дрвото“
-Помеѓу 2008 и 2016 година потрошени се речиси 18 милиони евра со успешност на засадени садници од само 21 процент. Потрошени се 31 милион денари за палми со процент на успешност нула, рече Бошњаковски.