Мерц повика Украина да учествува во мировните преговори

by Fokus

На третата годишнина од рускиот напад врз Украина, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, чија коалиција ЦДУ/ЦСУ победи на вчерашните сојузни избори во Германија, повика Киев да се вклучи во мировните преговори.

Најверојатниот кандидат за иден германски канцелар ја потврди својата континуирана поддршка за Украина.

„Европа останува цврсто на страната на Украина. Три години сме придружени со ужасни слики на уништување и воени злосторства“, рече Мерц.

Според него, Украина мора да се доведе „во позиција на сила“.

„За праведен мир, нападнатата земја мора да биде дел од мировните преговори“, додаде Мерц.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена започна разговори на високо ниво со Русија за ставање крај на војната, без претставници од Украина или од ЕУ.

Ова ги зголеми стравувањата кај Украина и нејзините поддржувачи во Европа дека ќе бидат исклучени од мировните преговори.

Мерц изрази сомневање дали НАТО ќе остане во својата „сегашна форма“ до самитот во јуни, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа мора да воспостави независни одбранбени капацитети.

Поврзани новости