Соопштение кое го привлече вниманието на јавноста пред неколку часа се објави на официјалната страница на Општина Струга, на чие чело е градоначалникот Рамиз Мерко.
Се известува јавноста дека е донесена забрана за шетање во бикини или во гаќи за капење во централното подрачје, и туристите да не ја изнесувале својата голотија на јавни места, за да се зачувала позитивната слика за Струга.
-Заради почитување на јавниот ред, особено во летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од чаршискиот мост до зелениот пазар) во текот на денот е забрането шетање во бикини и гаќички за плажа.
Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим да ги почитуваат правилата за добро однесување и јавен ред со тоа што не изложуваат голотија на јавни места и простори.
Вашето однесување е слика за градот, затоа заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга- известуваат од општината.
За да биде сфатена забраната сериозно, дури и низ градот се поставени знаци со забрана за бикини и гаќи за капење.
Вики Клинчарова