888
Идри Истрефи од струшкото село Велешта е кандидатот за градоначалник на Струга на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Тој по професија е електроинженер, а вработен е во ЕЛЕМ.
Во неговата биографија стои дека е член на Централниот одбор на АА, а од 1996 до 2005 година бил и претседател на Советот на Општина Велешта.
Негов противник ќе биде актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, како кандидат на ДУИ.