Мерко се сокри од јавноста – откажа настан оти имал итна работа

by fokus

Ниту еден медиум не успеа да добие изјава од струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, ниту од ДУИ откако вчера американскиот Стејт департмент соопшти дека го стави Мерко на „црната листа“ поради вмешаност во корупција.

Освен што беше недостапен за коментар тој го откажа и настанот Денот на езерото кој традиционално се одбележува на овој ден 21 јуни со градоначалниците на Охрид ,Струга Поградец и Дебарца.

-Настанот е откажан бидјеќи градоначалникот имаше друга итна работа, доколу има став ќе биде споделен со медиумите, ијавиле од кабинетот на градоначалникот Мерко за медиумите.

Соединетите Американски Држави вчера соопшти дека го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија, објавија од Стејт департментот на САД.

 

Поврзани новости