Мерко се поднови со четири автомобили, од кои еден е луксузна лимузина од 66.700 евра

by fokus

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ќе се поднови со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра, иако општината за оваа набавка планираше да потрочи 100.000 евра.

Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска беше објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки. Според договорот, ќе бидат набавени едно „ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, „шкода октавија“, лимузина со пет седишта, а вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта, а кои чинат по 14.205 евра.

Добитник на овој тендер од општина Струга е Друштво за трговија на големо и мало, продажба, одржување и поправка на моторни возила и услуги ЈОСИФОВ ДООЕЛ увоз-извоз Битола.

Ова е втор обид на градоначалникот Мерко да набави нови автомобили, бидејќи првиот оглас за набавка, распишан минатата година му пропадна откако не беше доставена ниту една прифатлива понуда.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости