Мерките се разлабавија, фолкерките заминаа на печалба!

by fokus

Разлабавените мерки за заштита од Ковид-19 во Европа ја придвижија нашата фолк естрада. По долгата пауза предизвикана од пандемијата, кога не беа во можност да настапуваат кај нашата дијаспора, сега по укинувањето на голем број на забрани, повеќето наши пејачки веќе ги започнаа, или пак ги најавија претстојните турнеји.

Ирена Спасовска со мини турнејата во Италија го скрши мразот. Веднаш по првиот настап пред нашинците, таа информираше дека интересот за неа е огромен, па решила да ја продолжи турнејата и да остане подолго во Италија.

И нејзината колешка Сања Ристеска ја започна турнејата во Германија. Заедно со неа настапуваат и музичарите Флори Манев и Горан Пиловски, и често објавуваат информации за балканските забави на кои настапуваат.

Елена Јовческа пак, ги најави гостувањата во Италија, договорени за наредниот викенд. За празникот Осми Март, исто така ќе настапува во странство, и заедно со Ристеска ќе бидат главни музички гостинки во Швајцарија, во организација на Спортско друштво Македонија.

Фолкерите никогаш не криеле дека најголемата заработка им доаѓа токму од гостувањата кај дијаспората. Пред пандемијата, најчеста дестинација им беше Австралија, Америка, но и многу европски земји каде што има наши иселеници.

Оние кои се уште не договориле настап во европските земји, периодов имаат набиена агенда во локали ширум земјава, задоволни што конечно, по забраните кои беа актуелни долг период, повторно можат да заработуваат од пеење.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости