Мерки за екстрадиција на соработникот на Пекер од Македонија

by Фокус

Турските власти се уште не контактирале со македонското Министерство за внатрешни работи во врска со соработникот на турскиот шеф на подземјето Седат Пекер – Бобан Томовски, кој вчера беше уапсен на аеродром во Истанбул.

-Тоа лице не се барало по ниеден основ во Р.С. Македонија, уапсен е во Турција. Согласно законските прописи, ќе се преземат мерки за екстрадиција и одговорност. Секој што се занимава со криминал да очекува дека ќе го снајде истото – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според медиумските написи во Турција, Томовски бил близок соработник на Пекер, кој во моментов се претпоставува дека е во бегство во Обединетите Арапски Емирати.

Поврзани новости