Меркел за името: Не треба да се зборува за тоа на прес конференција, туку зад затворени врати

by fokus

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека проблемот со спорот меѓу Македонија и Грција за името, треба да биде решен, но дека и двете страни треба да бидат внимателни околу своите отстапки. На денешната заедничка прес конференција, по средбата со премиерот, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, Меркел рече дека јавни изјави можат повеќе да му штетат на процесот на преговори, отколку да му бидат од корист.

-Притисок кај едната или другата страна во преговорите не е многу од корист. Имам впечаток дека после подолго време за прв пат двете страни имаат интерес за решавање на ова прашање и тоа е добар предуслов. Верувам на двете страни дека ќе бидат внимателни и грижливо ќе се однесуваат. Компромисите се секогаш болни и секоја страна треба да знае што може да даде. Тоа е висока дипломатска уметност и треба да се зборува за тоа не на прес конференции туку зад затворени врати – изјави Меркел.

На прашањето кога се очекува интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, германската канцеларка одговори дека тоа не е прашање на време, туку прашање на брзина со која земјата ќе ги исполни условите и ќе ја постигне зрелоста за пристап.

Поврзани новости