Меркел во мемоарите открива детали од најстрашниот разговор со Путин

by Fokus

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која неодамна објави мемоари наречени „Freiheit“ (Слобода), ги изразува своите ставови за политиката на Русија и влезот на Украина во НАТО. Овие мемоари привлекоа големо внимание, а извадоци од книгата веќе се објавени во повеќе германски медиуми.

Меркел во своите мемоари размислува за нејзината политика кон Русија, особено за ситуацијата околу Украина и Грузија. Нејзините ставови предизвикаа контроверзии, при што многумина ја критикуваа дека наводно му се умилкува на Владимир Путин.

– Целосно ја разбрав желбата на земјите од Централна и Источна Европа за што поскоро членство во НАТО. Но, самата алијанса со секое проширување требаше да преоценува како тоа ќе влијае на безбедноста, стабилноста и ефикасноста на НАТО – напиша поранешната канцеларка во своите мемоари.

Посебно значаен дел од мемоарите се однесува на одлуката за прием на Украина во НАТО, која и денеска е предмет на дискусија. Меркел нагласува дека за влез на нова членка во НАТО потребна е темелна анализа и разгледување на последиците за целата алијанса.

Потсетуваме, рускиот претседател Владимир Путин во разговор со уредниците на светските медиуми на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека крвта што беше пролеана во Донбас не е причина Русија да замижува на тоа.

– Поранешната канцеларка, Ангела Меркел, еднаш ми кажа дека во Косово дејствувале без Советот за безбедност, бидејќи таму се леела крв осум години… А еве, кога во Донбас се лееше крв осум години, тоа не беше крв, туку вода – рече Путин на средба со претставници на медиумите.

Тој изрази став дека трагедијата во Украина започна со државен удар и со тоа започна војната, за која Русија не е виновна.

Поврзани новости