1.1K
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел денеска му одговори на украинскиот претседател, Володомир Зеленски кој ја обвини дека поради неа и Никола Саркози Украина не влегла во НАТО во 2008 година.
-Поранешната германска канцеларка д-р Ангела Меркел инсистира на нејзините одлуки во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, изјави портпаролот на Меркел, а пренесува германската новинска агенција ДПА.
Во изјавата се додава дека поранешната канцеларка целосно ги поддржува напорите на федералната влада и на меѓународната заедница кои стојат на страната на Украина за да се стави крај на варварството извршено од Русија во војната против Украина.