823
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека учесниците на самитот ЕУ-Западен Балкан се согласиле дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европа, но дека таа не поддржала давање фиксен датум на државите од Западен Балкан за нивно пристапување кон Унијата.
– Не поддржав да им се даде фиксен датум на земјите од Западен Балкан за нивно пристапување во Европската унија, истакна Меркел на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.
Таа, исто така, изрази надеж дека проблемите околу блокадата на пристапните преговори на Северна Македонија можат да се надминат.