414
Откако одби да работи во ООН, поранешната долгогодишна германска канцеларка Ангела Меркел одби уште една понуда за функција.
Според шефот на ЦДУ во заминување, Армин Лашет, Меркел по 16 години канцеларка не сака да ја преземе функцијата почесен претседател на ЦДУ.
Лашет изјавил дека Меркел оценила дека функцијата почесен претседател не е решение.
Имено, последен почесен претседател беше Хелмут Кол, кој од таа функција поднесе оставка во 2000 година, кога се соочи со афера поврзана со проневера на донации.
Според неделникот „Шпигел“, Меркел ја одбила и поканата на идниот лидер на ЦДУ, Фридрих Меер, да вечера со него во сабота навечер.