Синоќешниот напад во Берлин, во кој најмалку 12 луѓе загинаа откако камион влета во толпа на божиќен саем, германската канцеларка Англеа Меркел го нарече терористички акт. Таа изјави дека постојат сомненија дека напаѓачот бил барател на азил во Германија, што за Меркел е поразително, но сепак вели дека тоа нема да ја промени мигрантската политика на земјата.
-Се уште има многу работи коишто не ги знаеме со доволна сигурност. Меѓутоа, гледајќи ја ситуацијата, ние треба претпоставиме дека бил терористички напад. Знам дека за нас би било најтешко да се соочиме со фактот доколку биде потврдено дека извршителот на делото е некој кој барал заштита и азил- изјави Меркел.
Синоќа, напаѓачот со камион влета во штандовите на божиќниот панаѓур во Берлин, при што најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени. Возачот на камионот кој по настанот беше во бегство е уапсен. Според безбедносен извори тој е Авганистанец или Пакистанец, кој во Германија добил азил во февруари.