Меркел: Можеби Путин чекаше да заминам и да ја нападне Украина

by fokus

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската медиумска мрежа РНД рече дека можеби рускиот претседател Владимир Путин го чекал нејзиното заминување за да ја нападне Украина.

-Можеби моето заминувањето придонесе кон тоа, како што беа на пример, и изборите во Франција и повлекувањето на трупите од Авганистан, понатаму и застојот во преговорите од Минск, вели Меркел.

Во интервјуто таа вели и дека нејзиното влијание над Путин, непосредно пред да ѝ заврши мандатот, исчезнало.

-Беше јасно дека нема уште долго да бидам на власт и морам да признаам дека разни обиди за влијание минатата година немаа ефект, констатира Меркел.

Поврзани новости