Меркел ќе зема пензија од 15.000 евра

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата, покажуваат проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници.

Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.

Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата. Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, јави ДПА.

Поврзани новости