Меркел ја пречека данската премиерка Фредериксен седната на стол

by Fokus

Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен седеа при интонирањето на химните на двете земји на церемонија во Берлин, ден откако германската канцеларка по третпат се тресеше на сличен јавен настан.

Меркел изгледаше во добра состојба додека седеше покрај Фредериксен пред своето седиште во Берлин, што е невообичаен протокол за вакви церемонии.

Таа и вчера беше снимена како се тресе на пречекот на финскиот премиер Анти Рине и потоа повторно ја убедуваше јавноста дека е добро. Ова првпат ѝ се случи минатиот месец, кога стоеше покрај украинскиот претседател Зеленски.

-Сѐ уште испитуваме што се случи на пречекот на Зеленски и мора да живеам со тоа некое време, но ве уверувам дека сум добро и не мора да бидете загрижени за мене, изјави Меркел вчера.

 

Поврзани новости