Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици

by Fokus

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици, јави ДПА.

Во изјава за Рајнише пост, Меркел ја истакна важноста на единството за да се избегне распадот на Европа на „пена и прашина“.

Меркел нагласи и дека миграцијата останува европска обврска која може да се реши само преку консултации со соседните земји на ЕУ.

Таа го коментираше и исходот од изборите во Германија, велејќи дека е задоволна што нејзината партија победила, но изрази загриженост за зајакнувањето на екстремната десница. Меркел истакна дека слабеењето на политичкиот центар треба да биде причина за загриженост за сите.

Поранешната германска канцеларка изрази надеж дека преговорите меѓу демохристијаните и социјалдемократите ќе доведат до формирање нова влада.

Меркел, исто така, изрази поддршка за планираното зголемување на трошоците за одбрана од двете партии кои преговараат за владејачка коалиција.

Поврзани новости