819
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност од терористичките напади во Виена и посочи дека Германија е цврсто со Австрија во борбата против исламскиот тероризам.
– Во овие страшни часови, кога Виена стана цел на терористичко насилство, моите мисли се насочени кон граѓаните и безбедносните сили кои се соочуваат со опасности, напиша Меркел на Твитер.
Таа посочи дека Германците изразуваат солидарност со своите австриски пријатели.
– Борбата против исламскиот тероризам е наша заедничка борба, нагласи Меркел.