424
Германската канцеларка Ангела Меркел ја доби својата овогодишна божиќна елха, јави ДПА.
Дрвото високо 11 метри беше донесено во Берлин од соседната покраина Бранденбург и вчера е поставено пред Кабинетот на канцеларката.
Ден претходно, пред зградата на Рајхстагот беше подигната 24-метарска смрека донесена од Долна Саксонија.
Деновиве свои божиќни дрвја треба да добијат и Бранденбуршката порта и други значајни места во германскиот главен град.