Германската канцеларка Ангела Меркел на денот на независноста на Република Македонија ќе оствари посета на Скопје.
„Се уште се работи на програмата, но сега можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев”, рече Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат “регионалните случувања, билатералните прашања“.
Тој исто така додаде дека канцеларката Меркел сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот, пренесуваат грчките медиуми.
„Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Радишани.