735
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Тирана на 14 септември, каде ќе се сретне со премиерите од Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес, објави „Еуроњуз Албанија“.
„Самитите одржани во Германија, Австрија, Франција и Италија помогнаа да се воспостави комуникација меѓу балканските лидери, како и да се дизајнираат неколку инфраструктурни проекти. Одобрените проекти за секоја од шесте земји од Западен Балкан се финансирани делумно од механизмите на ЕУ, а делумно од самите нив“, пренесува телевизијата „Топ чанел“.
Најважната компонента на Берлинскиот процес е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично има за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката.