350
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешна прес-конференција говореше за мерките за поевтина струја кои беа неодамна воведени.
Тој истакна дека се размислува да не важи мерката за поевтина струја за домашните компании и производители кои не ги намалија цените.
„Во случај да нема дополнително намалување, ќе се укине поддршката од страна на Владата. Целта по барање на стопанските комори беше да се намалат цените и очекуваме да се намалат до процентот што е договорен меѓу компаниите и Владата“, рече Бектеши.