„Мерк“ побара одобрување за првата таблета против Ковид 19

by Fokus

Американската компанија „Мерк“ побара од американските здравствени власти да го одобрат нејзиниот лек против благи и умерени форми на ковид-19, што би било прво орално лекарство за оваа болест на светот. Одобрението од Агенцијата за храна и лекови би можело да го промени начинот на лекување на ковид-19, бидејќи таблетата би можела да се зема и дома.

Според податоците објавени во почетокот на овој месец, лекот наречен „молнупиравир“ ја намалува стапката на хоспитализација и смрт за 50% кај благо или умерено болни пациенти од ковид-19 кои имаат барем еден ризичен фактор.

Компанијата кажа дека склучила договор со американската влада за снабдување на 1,7 милиони терапии, по цена од 700 долари за терапија.

„‘Мерк‘ ќе произведе 10 милиони терапии до крајот на годината, а бројот ќе се зголеми во 2022“, соопшти компанијата.

Оттаму кажаа дека ќе понудат и други цени на лекот и ќе соработуваат со фармацевтски компании за да се забрза достапноста на лекот во земјите со низок и среден приход.

Поврзани новости