Во текот на денешниот или утрешниот ден ќе се знаат имињата на уште неколку нови директори на скопските клиники.
Според нашите неофицијални информации, како посигурни предлози за директори има на скопската Клиника за трауматологија, каде се споменува името на доктор Игор Мерџаноски, додека пак на Клиниката за пластична хирургија се врти името на поранешната директорка Смиља Туџарова, која управуваше со болницата додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, но под раководната палка на Никола Груевски.
Исто така, во комбинација за Пластична хирургија е и доктор Јасмина Ѓорѓиевска, која треба да дојде на местото на актуелната директорка, доктор Софија Пејкова.
Како посигурен предлог за нов директор на Торакална хирургија е доктор Игор Џиковски, кој е член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Неџат Јакупи.
„Фокус“ пред неколку денови објави и за новата директорка на Гинекологија, каде најверојатно ќе биде доктор Ирена Алексиоска-Папестиев.
Ирена Алексиоска-Папестиев најверојатно ќе биде нова директорка на скопска Гинекологија
Ирена Мулачка