533
Откако вчера се појави информацијата дека ќерката на Невзат Бејта е вработена во МЕПСО, денеска излезе нова информација дека и синот на Владо Бучковски е вработен во оваа државна компанија.
Сепак, од МЕПСО не информираа дека Дамјан Бучковски е ангажиран со договор на определено време.
„Лицето Дамјан Бучковски не е вработено во МЕПСО. Бучковски има договор за определно време и е ангажиран преку Агенција за посредување на периодот од 5.9.2018 година до 31.12.2018 година“, ни одговорија од МЕПСО.