Акционерското друштво МЕПСО ќе дониа финансиски средства на Град Скопје во износ од 48.780 евра, кои ќе бидат наменети за набавка на апарати за прочистување на воздухот. Апаратите ќе бидат поставени во училниците на средните училишта во градот, во интерес на здравјето на учениците.
Од Градот велат дека во 2018 година за оваа намена се предвидени средства во висина од 12.000.000 денари во Буџетот.
„Но, со цел да се обезбедат доволен број апарати со кои ќе бидат опфатени сите училници и работни простории во училиштата, Град Скопје се обрати до АД МЕПСО Скопје со барање за донација. АД МЕПСО Скопје, како општествено одговорна компанија, одлучи да го поддржи реализирањето на гореспоменатиот проект, преку донација на средства во висина од 3.000.000 денари, кои ќе бидат наменети исклучиво за набавка на апарати за прочистување на воздухот“, велат од Градот.