МЕПСО: Фотелјите со телешка кожа се потребни за гостите

by Fokus

Купувањето на 39 фотелји обложени со природна телешка кожа е потребно за достоинствен пречек на странските гости, тврдат од компанијата МЕПСО по договорот за набавка на мебел од над 212.000 евра, во кој доминира оној наменет за користење од страна на раководството.

Од компанијата тврдат дека мебелот не бил наменет за директорите, туку за состаноци и прием на странките. МЕПСО од „Леснина ми“купува уште кујни, канцелариски мебел и гарнитури.

28 вакви фотелји се за канцеларијата на директорот на сектор, пет за генералниот директор Сашо Василевски кои чинат по минимум 400 евра и шест за неговата секретарката.

И покрај јасната ставка во документот, од МЕПСО се правдаат дека директорите нема да седат на тие фотељи, туку нивните гости, и дека морале да го купат мебелот бидејќи оној кој го користат бил стар 20 години.

МЕПСО од своето основање во 2005 година, сега за прв пат прави сеопфатна набавка на мебел и инвентар. Над 80 отсто од мебелот и инвентарот што е во употреба во МЕПСО е наследен од поранешното јавно претпријатие ЕСМ и е постар од 20 години, а мебелот во канцеларијата на генералниот директор, е  стар повеќе од 12 години.

Поврзани новости