МЕПСО: Договорот за авиобилети е тригодишен рамковен договор

by fokus

Го отфрламе како неосновано и пред се тенденциозно обвинението кое што денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ дека АД МЕПСО троши 125 илјади евра за авиобилети. Договорот за набавка на авиобилети е три годишен рамковен договор, потпишан во август оваа година и има важност до 2024 година., реагираат од МЕПСО на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа значи дека предмет на плаќање согласно овој рамковен договор ќе бидат патувањата што ќе се реализираат во тек на три години. Во оваа прилика сакаме да и појасниме на партијата ВМРО-ДПМНЕ дека ваков договор за набавка на авио билети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции кои ги изведува нашата компанија од типот на интерконекцијата Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). Овој вид тестирања на опремата се врши во земјите на производство на опремата и средствата за реализација на овие патувања се планирани според потребите и инвестициските планови на АД МЕПСО, велат од компанијата.

МЕПСО тоне во долгови, а троши 125 илјади евра за авио билети, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости