Менувањето и консолидацијата на системот мора да се прави брзо и ефикасно, порача Спасовски

by Fokus

На новинарско прашање како ја оценува изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека малата Вања ја убил системот на неказнивост, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека тој долго време го зборува истото.

„Јас тоа го зборувам многу често досега пред медиумите и кога зборував за неказнивоста на сите оние кои ја пљачкаа државата, кои што го уништуваа народот во изминатиот период и беа главни во општеството без да носат одговорност, кога зборував за консолидација на судскиот систем итн. Сето тоа е нешто кое треба да го разбереме и прифатиме како состојба која мора да се менува. Менувањето и консолидацијата на системот мора да се прави брзо и ефикасно“ рече Спасовски.

Во однос на постапувањата на полицијата во истрагата за двете убиства и колкава е нејзината улога во неказнивоста, Спасовски вели дека за тоа можат да се извадат конкретни податоци и информации.

„Ве уверувам во однос на постапувањето на МВР и тоа можеме да го покажеме преку бројки. Во однос на секоја пријава, делување, постапување итн. како и собирање на сите податоци и информации и поднесување на кривични пријави. За другите институции ќе треба да се направат анализи“ изјави Спасовски.

Поврзани новости