426
Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи вчера околу 19.30 часот на патот Кичево – Охрид доживеал сообраќајна несреќа.
Според информациите, возилото излетало од коловозот и удрило во бетонски столб за вода.
Лидерот на ДПА заедно со неговиот сопатник поминале без повреди а причинета е само материјална штета. Причините за сообраќајната несреќа за сега се непознати.