Менаџментот на „Виталиа“ на состанок по објавата на АХВ дека во нивната соја е најдено ГМО

by fokus

Менаџментот на фирмата „Виталиа“ е на координативен состанок откако директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство објави дека во нивната соја се најдени генетски модифицирани организми.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со одговорните во „Виталиа“ за коментар во врска со тврдењата на Атанасовски, но од таму ни рекоа дека во тек е состанокот и дека ќе бидат достапни за јавноста за еден час.

Како што изјави директорот на АХВ, Зоран Атанасов, ГМО е најдено во соини презли и шницли на „Виталиа“. Тој додаде дека пратката од 510 килограми потекнувала од Србија.

Серијата производи, рече Атанасов, била пуштена во продажба, но потоа повлечена.

ГМО е најдено и во ориз произведен во кочанско, но се уште не е утврдено од каде потекнува семенскиот материјал.

Поврзани новости