Мемети: Заштитата на децата мора да има приоритетно значење

by Fokus

30 години по усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, на децата им се одземаат правата во речиси секоја област. Најголеми прекршувања, според Народниот правобранител, се однесуваат на правата на образование, семејно насилство, насилство меѓу децата и кон децата на училиште и други случаи. До Народниот правобранител беа поднесени 200 претставки, повеќето од нив се однесуваат на невакцинирани деца кои остануваат надвор од воспитно-образовниот процес.

“Секое почитување на правото на здравје што е основно право, не може да се остави настрана и на штета на правото на образование само за правото на здравјето”; вели Иџет Мемети, Народен правобранител.

Мемети бара од Владата да го реши проблемот со децата кои не одат во градинка или училиште. Загрижени за кршењето на правата на децата, се и од Детската амбасада „Меѓаши“. Тие велат дека сегашната состојба е резултат на недостаток на капацитетот на институциите за задоволување на потребите на децата.

Бројни случаи на повреда на правата на децата, исто така, се третирани и на Алсат, посебно во областа на образованието. Меѓу конкретните случаи се и децата од селата Чашка од Велес на кои им се одзема правото за образование на албански јазик. Истите, од прво до деветто одделение учат на македонски јазик, поради недостиг на училишта во селата каде што живеат. Друго право што се однесува на децата е случајот со децата во населбата Барди во селото Блаце кои одат во основното училиште на Косово, во општина Елез Хан.

Поврзани новости