Сите чинители во општеството во следниот период уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби со што би се оствариле нивните права, апелираше денеска народниот правобранител Иџет Мемети по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
-Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите, градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии… Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес 3 Декември, туку и останатите 364 денови во годината. Само така, ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството, вели народниот правобранител.